April 23, 2024

НЕВИДЕН СПЕКТАКЛ: ИВА СПАСОВСКА ОДРЖА ЛЕКЦИЈА ПО СВЕТСКО МОДНО ШОУ

Се врати возбудата во градот. Скопјани, воедно македонците начисто полудеа по шоуто!

Имено, во “Luxury Hotel Limak Skopje” се одржа модна ревија под темата “Angel” на модната дизајнерка Ива Спасовска каде ја претстави новата колекција на фустани инспирирани од женствената и боженствена енергија на жената.

Присуството на гостите беше во значително огромен број над 600-тина гости што доволно го потврдува фактот дека кај луѓето сѐ уште се држи будниот интерес за шоута кои ги подготвува Ива Спасовска и по што е позната на јавноста.

Настанот доби повисока цел бидејќи беше од хуманитарен карактер и со поддршка од здружението „Ацт Македонија“ каде пристутните охрабрени со пораката “Биди и ти нечиј ангел” донираа за најранливите категории.

Модното случување започна со изведбата на виолинистката Сања Здјелар, а по неа свој настап имаа неколку македонски пејачи како Огнен Здравковски, Елена Петреска, Александар Тарабунов, Лара Иванова и Антониа Гиговска. Во моментот кога атмосферата во салата се подигна на повисоко ниво, а присутните беа видно расположени, на сцената настапи групата “Hidden Jams” каде низ микс популарни песни ги изразија своите надреални танцувачки хип хоп вештини.

Свој настап имаше и водителката Николина Славковска или позната како Нина Ред, која танцуваше во пердувести ангелски крилја изработени од креаторката Марија Пупучевска.

Веднаш потоа се отвори модната ревија, каде меѓу манекенките продефилираа и неколку познати имиња, како на пример раперката Луна, ќерката на Мики Црнокрак, Моника Црнокрак, пејачката Барбара Ракичевиќ и фитнес тренерот Кристина Неделковска.

Младата пејачка Лара Иванова за модното шоу ќе каже:

„И благодарам на Ива! Задоволство ми беше што учествував и бев дел од прекрасниот настан кој од самиот почеток знаев дека ќе биде прекрасен. Почувствував одлична енергија и бев воодушевена од сите нови креации кои беа презентирани. И посакувам уште многу вакви успешни настани“, вели Лара.

На модниот настан “Angel” официјално се лансираше парфемот “Angel by Iva Spasovska” кој беше ексклузивно претставен во пердувесто издание. Публиката остава воодушевена и воедно инспирирана од визијата на Ива, по што таа доби громогласен аплауз за постигнатиот успех.

„Пресреќна сум што успеав да го разбудам ангелот во сите гости заедно со помош на мојот голем тим. Сите што дојдоа им благодарам од срце што ја наполнија огромната сала со љубов и внимание, почит и хуманост, ме почестија сите до еден со нивниот стајлинг кој беше на високо ниво. Исто така лансирањето на парфемот “Angel” и другите три со мојот потпис ги воодушеви сите. Има уште многу што да се каже на темава “Angel”, вели дизајнерката Ива Спасовска.

Имено, модното шоу “Angel” беше под палка на режисерката Љупка Јакимовска од Опера и Балет и светло дизајнерот Нино Митевски.

Меѓу познатите можевме да ги забележиме водителката Ирена Спировска, дизајнерот Адреј Папаз, фотографот Стефан Соколовски, инфлуенсерка Александра Шијакоска, Мелита Ракичевиќ, тв лицата Марко Марк, Ведрана, Татјана Пуленџонска, Милена, шминкерот Даниел Николовски и уште многу други познати доктори, писатели, пејачи, новинари…

Погледнете како помина модното шоу “Angel” на дизајнерката Ива Спасовска.

Линк:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *