pfw

 

Париз го презема модниот свет: Од Dior до Chanel – овде ќе се решава што ќе носиме во 2027

По Њујорк, Лондон и Милано, модниот караван стигна на последната и најгламурозна станица – Париз.

Paris Fashion Week за сезоната пролет/лето 2027 започна на 28 септември и ќе трае до 6 октомври, а во девет дена на официјалниот календар се најавени 68 ревии и 34 презентации.

Но Париз не е само уште една модна недела.

Токму тука ќе ги видиме колекциите што во следните месеци ќе ги диктираат боите, должините, чевлите, чантите, фризурите – па дури и она што масовно ќе стигне во продавниците во 2027 година.

Големите имиња допрва доаѓаат

Во календарот се Dior, Saint Laurent, Chanel, Balenciaga, Loewe, Celine, Miu Miu, Valentino, Maison Margiela, Jean Paul Gaultier, Mugler и Louis Vuitton, кој ќе ја затвори модната недела.

Особено интересна е оваа сезона бидејќи кај голем дел од модните куќи новите креативни директори веќе не се на првата колекција.

Сега доаѓа потешкиот тест – дали нивната нова визија навистина функционира?

Третите колекции на новите ери во Dior, Chanel, Balenciaga, Loewe, Jean Paul Gaultier и Mugler се меѓу најочекуваните моменти на неделата.

И две сосема нови поглавја

Париз ќе донесе и две големи дебија.

Drew Henry ќе ја претстави својата прва колекција како нов уметнички директор на Courrèges на 30 септември, додека Kai Nesselrath дебитира во Carven на 1 октомври.

По пауза на официјалниот календар се враќаат и Valentino, Maison Margiela, Sacai, Christopher Esber, Ester Manas и Casablanca. Vogue

А што веќе се гледа на улиците?

Уште пред најголемите ревии, Париз почна да ни дава неколку сигнали.

Кендал Џенер пристигна во градот целосно облечена во беж – oversized сако, тесни панталони што се шират под коленото, nude балетанки и greige Chanel чанта. Vogue изгледот веќе го нарече „beigemaxxing“ – носење една неутрална нијанса од глава до пети.

Од друга страна, Росалија го сврте balletcore трендот наопаку со црн тул, pencil здолниште и „Black Swan“ естетика, што покажува дека романтичниот балетски стил станува потемен и подраматичен

Значи уште пред главните писти имаме две спротивставени насоки:

чист минимализам и неутрални тонови – наспроти драматична, темна женственост.

Што ќе следиме ние?

Следните денови од Париз ќе ги издвојуваме само трендовите што навистина можат да се пренесат во реалната гардероба.

Пет работи од Париз што ќе ги носиме во 2027 – бои, здолништа, фустани, чевли, чанти и beauty детали.

Бидејќи ревиите можеби траат само десетина минути, но она што ќе се појави на нив деновиве ќе го гледаме цела следна година.

Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.

 

 

About The Author