zap

 

По шест години без брзање, клекна среде DJ сет: Pauly D ја запроси Nikki Hall во Лас Вегас

Некои запросувања се тивки и интимни, а некои се прават пред цел клуб. Pauly D, ѕвездата од Jersey Shore, го избра второто.

На 27 септември, за време на свој DJ сет во OMNIA Dayclub во Caesars Palace, Лас Вегас, тој ја повикал својата долгогодишна партнерка Nikki Hall на сцената и клекнал пред публиката со прстен во рака. Таа веднаш кажала „да“, а целиот момент бил проследен со овации од присутните.

Pauly D и Nikki се заедно околу шест години. Се запознале во 2019 година во реалното шоу Double Shot at Love, а врската ја започнале по повторното зближување во 2020 година.

Она што ја прави нивната приказна поинтересна е фактот што со години не брзале кон следниот чекор. По запросувањето, Nikki на Instagram напишала дека нивната врска се развивала во сопствен ритам и дека моментот дошол токму кога требало.

По запросувањето, двојката ја продолжила прославата со вечера во Лас Вегас, а Nikki го покажала и вереничкиот прстен. Честитки пристигнале и од повеќе нивни колеги од Jersey Shore.

За Pauly D, човек кој со години беше симбол на клубови, журки и ергенски живот, ова е прилично филмски пресврт.

Од DJ пултот директно до свршувачка.

 

 

 

About The Author