April 25, 2026
Свадба на годината Јована и Петар

Свадба на годината Јована и Петар

**Интервју со Јована Трајковска за нејзината свадба со Петар Секуловски**

**Здраво, Јована! Неодамна ја организираше вашата свадба со Петар Секуловски, која привлече големо внимание. Можеш ли да ни раскажеш каде и кога се одржа свадбата, како и кои беа клучните локации за овој посебен ден?**

Свадбата ја организиравме на 7 септември 2025 година во прекрасниот простор на „Везилка“ во Скопје. Регистрацијата на бракот се одржа во „Hedon Resort“ на Водно, додека венчавката беше во Соборниот храм. Секоја од овие локации имаше посебна улога во создавањето на магијата на тој ден.

Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар

**Звучи неверојатно! Колку време ти беше потребно за да ја организираш свадбата, и колку беше твоето учество во целиот процес?**

Целата организација, од почеток до крај, беше моја. Подготовките траеја цела година, и можам да кажам дека беше вистински предизвик, но и задоволство. Голем дел од работите ги изработив сама, што направи свадбата уште попосебна. Одлучив да создадам уникатно искуство, па дури и направив лого од нашите имиња, Јована и Петар, кое беше присутно буквално на сè – од свеќите во црква до перничињата за декорација на свадбата.

Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар

**Логото од имињата на Јована и Петар звучи како фантастичен детал! Можеш ли да ни кажеш повеќе за декорацијата и персонализираните елементи што ги додаде?**

Секако! Сакав сè да биде до перфекција. За секој гостин подготвив свеќички, картички, мени за пијалоци, па дури и QR код за дополнителни информации. На регистрацијата, секој гостин доби кутија со лепеза, салфетка за „среќни солзи“, свеќичка и минт бонбони. За најмалите, пак, направив боенки, боици и амбалажа со мој сопствен дизајн. Имав и картички со интересни факти за свадбата, што беше забавен начин да ги вклучиме гостите. Дополнително, за регистрацијата имавме дрес-код во крем нијанси, што создаде неверојатна визуелна хармонија. Целата декорација беше надополнета со гравирана трака со имињата Јована и Петар, што додаде уште еден личен печат.

Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар

**Кои беа клучните соработници што помогнаа свадбата да изгледа толку беспрекорно?**

Имавме неверојатен тим! За декорацијата во салата работев со Дијана Милевска Арт, додека за регистрацијата соработував со студио Митаноски. Цветната декорација беше дело на „Каталеја“ од Свети Николе. Тортата, која беше вистинско уметничко дело, ја направи Наташа од MM Sweets од Битола. Фотографиите ги овековечи Никола Коцев Photography, кој совршено го долови секој момент. За музиката, на регистрацијата имавме настап на Пламенка, а за приемот на гостите и главната забава беше Ориентал Бенд. По вечерата, Џамбо Агушеви ја разгоре атмосферата – тие ми беа лична желба за свадбата! Кон крајот, Бока Конга ја заокружи забавата со неверојатна енергија.

Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар

Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар

**Твоите фустани сигурно беа во центарот на вниманието. Кој стои зад нивниот дизајн?**

Двата фустани ги изработи ЈЗЈ Златко, и можам да кажам дека беа токму она што го замислував – елегантни, уникатни и совршени за нашиот ден со Петар.

Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар

Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар

**Има ли нешто што би сакала да додадеш за овој посебен момент во вашиот живот со Петар?**

Беше навистина магичен ден, исполнет со љубов и радост. Секој детал беше одраз на нашата приказна, и среќна сум што можевме да ја споделиме со нашите најблиски. Организацијата беше предизвик, но крајниот резултат беше сè што сонувавме – и повеќе!

Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар

Свадба на годината
Јована и Петар
Свадба на годината
Јована и Петар