April 23, 2024

Свадбените прослави повторно се вратија во полн сјај, онака како што доликува. Во светот на венчаниците за актуелната и претстојната сезона, тоа подразбира раскошен избор на модели во чиј дизајн се забележува напуштање на границите на конформизмот и препуштање на фантазијата. Со оглед на тоа каква е актуелната понуда на венчални фустани на светската дизајнерска сцена, еден тренд што доминира и дава печат на сезоната, се венчаниците кои даваат акцент на рамената. Еве неколку модели кои се надеваме ќе ви бидат инспирација во изборот на вашата венчаница, а доколку се подготвувате за свадба во 2023 год. ве информираме дека најголемиот настан за венчавки кај нас е Wedding Expo23 -Саемот за венчавки кој ќе се одржи по двегодишна пауза во првата половина на месец март 2023.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *