Традиционални или модерни?
Минимализам со стил
Сè повеќе парови избираат едноставни, елегантни торти – бели или пастелни нијанси, со малку цветна или златна декорација. Фокусот е на чистите линии и совршената форма.
Арт-торти инспирирани од уметност
Торти кои изгледаат како уметнички дела – акварел ефекти, потези со четка или комбинации на бои како на модерни слики. Ова е тренд кој го обожаваат креативните невести.

Природни елементи
Сè што е органско и природно останува хит – свежо овошје, јадливи цвеќиња, па дури и тревни детали. Овие торти изгледаат свежо и романтично, а се совршени за венчавки на отворено.
Мали повеќеслојни торти
Наместо една голема, сè почесто се појавуваат неколку помали торти – секоја различно декорирана. Тоа создава богат изглед на слатката маса и им дава можност на младенците да комбинираат различни вкусови.
Транспарентни и „naked“ торти
Овој тренд не заминува никаде – торти со видливи слоеви, без многу глазура, се идеални за невести кои сакаат опуштена, бохо свадба.
Вкусови за паметење
Покрај изгледот, младенците сè повеќе обрнуваат внимание на вкусовите – комбинации како лимон со боровинка, солен карамел, пистација со малина, или чоколадо со портокал се во самиот врв.
Најголемиот избор на свадбени торти и колачи ќе го имате на саемот за венчавки “Wedding Expo Skopje”