April 25, 2026
4

Традиционална или модерна свадба?
Кога ќе се одлучите да стапите во брак, една од првите дилеми е: Да останете верни на традицијата или да изберете современ стил? Еве што ги разликува, и што може да ви одговара повеќе.

ТРАДИЦИОНАЛНА СВАДБА
– Обичаи и симболика – почнува со венци, зетот доаѓа по невестата, буткање на врата, музика, китење на сватови, оро…
– Црковен и општински чин – класично венчавање пред роднини и кумови.
– Традиционални јадења и песни – сарма, пита, ракија, салати, мевце и „Македонско девојче“.
– Голем број гости – често над 300 гости, сите се поканети!
– Трошоци се делат по обичај – но најчесто е пола-пола односно кој колку гости поканил.

Предност: семејна блискост, автентичност, почитување на културата.
Недостаток: организациски стрес, трошоци и притисоци од семејството.

МОДЕРНА СВАДБА
– Минимализам и креативност – венчавка во природа, градина, винарија, rooftop…
– Различен концепт – невеста и младоженец заедно доаѓаат, слободни завети, DJ наместо оро.
– Помал број гости – интимна атмосфера со најблиските, 50–100 лица.
– Креативна декорација и нови формати – фото корнери, камионче за сладолед, мало шанкче за коктели, први танци на TikTok.
– Буџетска флексибилност – се планира според приоритети и личен стил.

Предност
: помал стрес, поголема контрола, персонализирана атмосфера.
Недостаток: некои роднини може да се навредат што не биле поканети, или не ги разбираат „новите“ моменти.

https://www.instagram.com/fora.mk/
https://www.instagram.com/fora.mk/

Кој стил е за вас?
Ако сакате да ги почитувате корените и да направите „вистинска“ македонска свадба – одберете традиционална.
Ако пак сакате нешто свое, со модерен печат и уникатно доживување – модерната свадба ќе ве освои.

Најубаво? Комбинирајте! Пример: традиционален чин (црква, бенд за народни орца + дџ) со модерна прослава! Но во комбинирањето внимавајте, може да се прекомбинирате и на крај да излезе поскапо и не така како што сте замислиле.