4

Музичкиот менаџер и A&R професионалец Stephon Dupree од Кентаки стана вирален откако на Threads објави дел од преписката со жена со која бил во фаза на запознавање. Објавата за кратко време ја виделе повеќе од два милиони луѓе, а причината е едно навидум едноставно прашање – дали би ѝ платил маникир и педикир.

свадба-нокти
свадба-нокти

Жената го прашала дали може да ѝ го плати средувањето на ноктите пред нејзино патување во Нешвил. Проблемот? Двајцата во тој момент сè уште не се ни сретнале во живо.

Dupree не реагирал грубо, туку ѝ објаснил дека можеби порано би прифатил такво нешто, но денес не сака да плаќа лични трошоци на жена со која сè уште нема дефиниран однос.

Тој истакнал дека ужива во нивните разговори и дека сака подобро да ја запознае, но смета дека прво треба да се сретнат и да видат во која насока ќе се развива нивниот однос. Исто така ѝ посочил дека досега не почувствувал доволно иницијатива и интерес од нејзина страна.

Wedding Expo Skopje 2027 – јубилејно 15-то издание!

Токму овој дел од преписката предизвика вистинска расправа на социјалните мрежи.

Голем број корисници застанале на страната на Dupree, сметајќи дека е чудно да бараш некој да ти плати маникир и педикир уште пред првата средба. Дел од коментарите дури го споредиле ваквото барање со ситуации во кои маж во почетната фаза на запознавање бара нешто премногу интимно од жена.

Но имало и такви кои ја бранеле жената. Според нив, таа едноставно директно кажала што сака, а тој можел само да одговори со „не“, без подолго објаснување.

Други, пак, забележале дека вистинскиот проблем можеби воопшто не бил во парите, туку во фактот што двајцата очигледно немале исто ниво на интерес еден за друг.

Приказната повторно отвори една од најчестите дилеми на модерното запознавање: кога плаќањето нешто за личноста со која се гледате е убав гест, а кога барањето станува премногу – особено ако сè уште не сте ни излегле на прв состанок?

А вие што мислите – дали нејзиното барање било претерано или едноставно директно кажала што очекува од мажот со кој се запознава?

About The Author