Венеција повторно е центарот на светот: Ѕвездите пристигнуваат, а Кендал Џенер веќе го освои Лидо со едноставен изглед
Секоја година на почетокот на септември Венеција престанува да биде само еден од најромантичните градови во светот и станува место каде на едно место се среќаваат филмот, Холивуд и високата мода.
На Лидо официјално започна 83. Венециски филмски фестивал, кој годинава трае од 2 до 12 септември. Станува збор за најстариот филмски фестивал во светот и за една од првите големи станици на патот кон сезоната на Оскарите.
А додека филмските критичари зборуваат за потенцијалните добитници на Златниот лав, модниот свет повторно гледа нешто друго – кој со што пристигна во Венеција и кој ќе го има најдобриот изглед на црвениот тепих.
Кендал Џенер пристигна без гламурозен фустан – и токму затоа привлече внимание
Меѓу најновите пристигнувања е Кендал Џенер, која на аеродромот Marco Polo покажа дека понекогаш наједноставната комбинација може да изгледа најскапо.
Манекенката избра речиси целосно бел изглед – бел топ без ракави и кроени бели панталони, комбинирани со рамни кафеави обувки од The Row.
Но парчето што го привлече вниманието беше огромната Chanel weekender чанта од велур со кожени детали. Vogue го издвојува токму аксесоарот како главен момент во нејзината travel комбинација.
Нема светки, нема високи потпетици, нема вечерен фустан.
А сепак – изглед кој веднаш влезе во модните хроники од фестивалот.
И токму тоа е една од убавините на Венеција: модата не почнува на црвениот тепих. Почнува уште на аеродромот и на воденото такси.
Џорџ и Амал Клуни го отворија фестивалот
Првиот ден, сепак, му припадна на еден пар кој со години е речиси синоним за Венеција – Џорџ и Амал Клуни.
Клуни годинава пристигна по особено признание: на отворањето го доби Златниот лав за животно дело, додека меѓу гостите беше и неговата сопруга Амал. Истото признание во текот на фестивалот ќе ѝ биде доделено и на 93-годишната актерка Елен Бурстин.
Фестивалот беше отворен со светската премиера на „Ink“ на Дени Бојл, филм инспириран од подемот на Руперт Мардок и британскиот таблоид The Sun, со Guy Pearce, Jack O’Connell и Claire Foy.

И модата веќе започна сериозно
Vogue веќе ја ажурира галеријата со првите red-carpet изданија, а меѓу имињата што го привлекоа вниманието се Амал Клуни, Нина Добрев, Бјанка Балти, Лора Дерн, Клер Фој, Меги Џиленхол, Алесандра Амбросио и Сидни Свини.
Во следните денови на Лидо се очекуваат Роберт Патинсон, Пенелопе Круз, Хавиер Бардем, Памела Андерсон, Сем Роквел, Џон Малкович, Кејт и Руни Мара, како и многу други големи имиња од филмот.

Филмовите за кои веќе се зборува
Еден од најочекуваните наслови е „Wild Horse Nine“ на Мартин Мекдона, со Сем Роквел и Џон Малкович, кој уште пред премиерата се споменува како можен кандидат за награди.
На програмата се и „Bunker“, брачна драма со Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, како и филм со Роберт Патинсон поврзан со телевизискиот феномен „To Catch a Predator“.
Но годинашната Венеција не е само гламур.
Претседателката на жирито Меги Џиленхол уште на отворањето нагласи дека голем дел од селекцијата се занимава со актуелни светски проблеми. Во програмата има филмови и документарци за Газа, Украина, политиката, медиумската моќ и технологијата. 
Венеција повторно има две паралелни сцени
На едната се филмовите кои можеби за неколку месеци ќе ги гледаме меѓу кандидатите за Оскар.
На другата – Chanel, Armani, Bottega Veneta, Dior и сите оние фустани, чанти и чевли што следната сезона ќе ги диктираат модните трендови.
А Кендал Џенер веќе ни даде една прва лекција од Венеција:
понекогаш не ви треба спектакуларен фустан за сите да погледнат во вас.