Wedding Expo 11 ќе се одржи од 10 до 12 март во Александар Палас

Саемот за венчавки е сигурно најдоброто место за решавање на сите свадбени слатки грижи. Вообичаено најслатката грижа за секоја идна невеста е изборот на венчалниот фустан, а нејзините деверици, кума, старосватица, свекрва, мајка итн.. грижата е да го пронајдат совршениот свечен фустан.

Ние сме сигурни дека Саемот ќе ви го реши овој проблем. Оваа година изборот е навистина најголем досега, врвните наши дизајнери од цела Македонија но и еминентни странски брендови ексклузивно ќе ги претстават своите нови колекции на 11тиот саем за венчавки, а дел од нив ќе настапат и со индивидуални модни ревии.

Но на саемот ќе има многу повеќе од венчаници и костуми. Најдбрите декоратери, фотографи, накит (бурми), покани, козметика, ресторани, обувки, подароци, односно се што е неопходно за вашиот ден да биде совршен.

А саем не би бил саем доколку нема и саемски попусти, па така со нашата шопинг картичка која ја добивате бесплатно од нас ќе можете да си обезбедите попуст кај нашите изложувачи во текот на сезоната, а се што треба да направите е да ни пратите мејл на contact@vobelo.mk .