Златан ја запросил конобарката – штом рекла „Да“, тој веднаш раскинал!
Шведската фудбалска легенда Златан Ибрахимовиќ во едно интервју со познатиот новинар Пирс Морган откри детали од својот приватен живот кои досега не биле познати.
Тој зборуваше зошто во неговиот дом нема семејни фотографии, зошто никогаш нема да ја ожени својата долгогодишна партнерка Хелена Сегер, но и призна дека пред неа бил верен со една конобарка.
Љубовната приказна со Миa Олахе
Златан две години бил во врска со Миа Олахе, конобарка која ја запознал за време на подготовки на Кипар, кога настапувал за Малме. Интересно е што оваа поранешна вереница воопшто не е спомната во неговата биографија.
Авторот Магнус Гертер, кој работел на документарен материјал за Златан, истакнува:
„Тој ми кажа нешта кои од почит кон неа не можам да ги пренесам. Но нивната приказна покажа колку може да боли љубовта кога ќе пропадне.“
„Ни самата не знаев кој е“
Миа во едно интервју пред повеќе од дваесет години открила:
„Беше многу срамежлив и целиот ден седеше во кафулето за да ми прави друштво. Немав поим кој е тој, едноставно ми се допадна како човек.“
Двајцата се верија во 2001 година во Гетеборг, а потоа живееја заедно во Амстердам по неговиот трансфер во Ајакс. Сепак, наскоро се разделиле.
Златан: „Сакав да запрошсм, ама не и да се оженам“
Ибрахимовиќ ретко ја споменувал Миa, но во разговор со Пирс Морган ја раскажа вистината:
„Ја запросив и таа рече ‘Да’. Чувството беше неверојатно, полн со адреналин, но не сфатив што значи тоа – дека во рок од една година треба да се оженам. Потоа реков дека не сакам брак. Ми се допадна гестот на запросување, ама не и бракот како обврска.“
✨ Оваа приказна уште еднаш покажува дека кај Златан, дури и во љубовта – владеат истите правила како и на терен: игра по свои правила и секогаш изненадува.
Извор: Nportal
18.10.2025 | 07:54