Fashion Week почна, а првиот ред веќе е погламурозен од пистата
Њујорк повторно е центарот на модниот свет. New York Fashion Week официјално започна денес и до 15 септември ќе ги претстави колекциите за пролет лето 2027, но уште пред првите големи ревии, ѕвездите веќе го презедоа градот.
Кејти Холмс беше меѓу најзабележаните гостинки на Cult Gaia, каде се појави со новиот партнер Џејсон Бард Јармоскy. Таа избра лежерна црна маичка и широки металик панталони, а двојката седеше во друштво на модните икони Иман и Хелена Кристенсен.
Кај Coach, Ел Фанинг внесе малку стар холивудски гламур во Њујорк. Црвено кожено здолниште, проѕирна црна блуза, беретка и впечатлива чанта беа нејзиниот избор за ревијата со која брендот прослави 85 години. 
Ralph Lauren, пак, го имаше можеби најмоќниот прв ред. Синтија Ериво, Виола Дејвис, Аријана ДеБос, Еиза Гонзалес и Рејчел Броснахан беа меѓу гостите, додека новата колекција донесе романтика, раскошни материјали и типична американска елеганција. 
А веќе пристигнаа и Џиџи Хадид, Камила Кабејо, Кејт Мос и уште многу познати лица, па ако вака започна модната недела, следните денови очигледно ќе има што да гледаме и на пистата и покрај неа.

Во Бело ќе ги следи најдобрите изгледи, модните промашувања и трендовите што од Њујорк наскоро ќе се преселат и на улиците.