Ќерката на Тајсон Фјури се омажи на 16 години: раскошна венчаница, младоженец во бело и фотографии што кружат по светот
Венецуела Фјури, 16-годишната ќерка на славниот боксер Тајсон Фјури, се омажи за својот партнер Ноа Прајс(17), а фотографиите од раскошната свадба веќе се шират на социјалните мрежи и во светските медиуми.
Според објавите, младата двојка го кажала судбоносното „да“ во кралската капела „St. John“ на Островот Мен, а најмногу внимание привлече изгледот на невестата. Венецуела носела раскошна венчаница од нежна чипка, со отворени раменици, срцевиден деколте и долг вел, со што добила романтичен, но многу впечатлив bridal изглед.
Косата ја носела во ниска пунџа со нежни бранови напред, додека шминката била во земјени тонови, со нагласен црвен кармин. Младоженецот, пак, избрал бело одело со црни рабови, бела кошула и лептир-машна.
Свадбата предизвика големо внимание и поради нивната возраст — Венецуела има 16 години, а Ноа, според објавите, 17. Дел од медиумите дополнително коментираа и еден момент од фотографиите, кога младоженецот се обидел да ја бакне, а нејзината реакција стана тема на коментари.
Без разлика на реакциите, едно е сигурно: свадбата на ќерката на Тајсон Фјури веќе стана една од најкоментираните celebrity свадби викендов.