May 20, 2026
хрватска

По финалето на Евровизија 2026, Балканот повторно најде причина за коментирање — не само околу победникот, туку и околу гласањето меѓу соседите.

Хрватска годинава на српскиот бенд „Лавина“ му додели максимални 24 поени — 12 од стручното жири и 12 од публиката. Но, од друга страна, хрватската група „Лелек“ од српското жири не добила ниту еден поен, што веднаш предизвика реакции и коментари во регионот.

Сепак, девојките од „Лелек“ не сакаа да ја претворат приказната во скандал. Тие изјавиле дека немаат ништо против српскиот бенд „Лавина“, напротив — се дружеле во Виена и, како што велат, момците им кажувале дека им даваат максимална поддршка.

Со други зборови: публиката можеби виде драма, но изведувачите очигледно не сакаат војна.

„Така е како што е“, е нивниот став — кратко, мирно и без дополнителна масло на огнот. „Лелек“ дури имале убави зборови и за победничката песна на бугарската претставничка Дара, велејќи дека и самите ја пееле и танцувале „Bangaranga“, и дека би ѝ дале максимални 12 поени.

И тука повторно доаѓа вечната евровизиска дилема: дали се гласа за песна, за сосед, за политика или за симпатија?

На Балканот, очигледно, секоја нула боли малку повеќе — особено кога од другата страна претходно стигнале максимални поени.

About The Author