Џенифер Лопез
Дури и моливот за усни ѝ беше во тон со мантилот. За њујоршката проекција на својот концертен филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“ на 15 ноември, Џенифер Лопез избра бордо облека и шминка, а најтемната нијанса ја остави за ноктите.
Под долгиот кожен мантил, Џеј Ло носеше блуза со панделка на вратот и куси сатенски панталони. Токму кусиот крој ја истакна цветната шара на чипканите хулахопки. И чевлите беа бордо, со еден мал детаљ што отскокнуваше од целата комбинација – тенки златни потпетици.
View this post on Instagram
Која е нијансата на нејзиниот маникир?
Нејзиниот маникирист Том Бачик го откри точниот лак што го употребил – „Black Cherry“ од линијата CND Shellac. Станува збор за сјајна, темноцрвена нијанса со виолетов подтон. Истата палета се провлекуваше и низ шминката, само понежно. На очните капаци Џеј Ло носеше лесен слој сенка во боја на вино, а усните ги нагласи со темноцрвен молив. elle.com
Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.
Ако барате идеја за празнична вечер, пробајте ја оваа комбинација со едноставен црн фустан. Изберете сјаен лак во боја на темна цреша, а на усните нанесете молив во сличен тон. Со врвот на прстот нежно размачкајте го моливот кон средината на усните. Така бојата ќе остане мека на усните, а поизразена на ноктите.