111

 

Кога невестата е дизајнер: Сама си создаде 4 свадбени looks – од венчаница до bridal костим за капење

Кога со години создавате венчаници за други невести, логично е дека за сопствената свадба нема да се задоволите со само еден фустан.

Токму тоа го направила bridal дизајнерката Алексис Леван Велан, која за својата тридневна свадба со Купер Дејвис на карипскиот остров Невис сама ја осмислила целата свадбена гардероба.

И не станува збор за една венчаница и уште еден фустан за забавата. Алексис создала четири комплетно различни looks, секој инспириран од местото и моментот во кој ќе го носи.

1. За welcome party – романтика со доза сексапил

Првиот изглед бил наменет за забавата за добредојде.

Дизајнерката сакала фустанот да биде лесен, сензуален и малку провокативен, па избрала high-low силуета, нежна чипка и проѕирен корсет од органза. Само корсетот го изработувала во четири различни верзии додека не ја добила вистинската комбинација од структура и проѕирност.

2. Bridal костим за капење – затоа што свадбата е на Кариби

Следниот ден гостите се преселиле во beach club, со капење и одбојка.

Алексис за таа прилика го дизајнирала својот прв костим за капење, надополнет со здолниште од рачно ткаена tussar свила и марама од француска чипка и шифон.

И тука не се откажала од практичноста – костимот морал да биде доволно стабилен за таа навистина да игра одбојка, а сепак да изгледа како вистински bridal look.

3. Главната венчаница – романтична, vintage и намерно несовршена

Самата церемонија се одржала меѓу урнатините на стара црква на островот, па Алексис сакала венчаницата да изгледа како природно продолжение на амбиентот.

Фустанот го создала од silk dupioni, ткаенина со природна, малку груба текстура која ѝ давала vintage карактер. Интересно е што материјалот случајно дошол до неа – друга bridal дизајнерка, која го затворала својот бизнис, ѝ подарила вреќи со преостанати ткаенини, а токму меѓу нив се наоѓал материјалот од кој подоцна ќе ја направи својата венчаница.

Ременчињата, пак, биле направени од преостаната чипка од венчаницата што Алексис претходно ја изработила за својата сестра.

Дури и велот и чантата биле направени од специјално избрана чипка која ја пронашла само две недели пред свадбата.

4. За after-party – сребро, монистра и танцување на песок

Последниот look бил целосно поинаков.

За вечерната забава покрај плажа Алексис нашла сребрена ткаенина со монистра што потсетувала на рибарска мрежа и решила буквално да ја обвитка околу телото.

Поради тежината на материјалот, изгледот морал да се изработи во три слоја: сребрен корсет и шорцеви како основа, слој со монистра и долго драпирано здолниште.

Резултатот бил повеќе модна скулптура отколку класичен bridal фустан.

Една свадба – четири различни невести

Она што е интересно кај свадбата на Алексис не е само бројот на комбинациите.

Секој look има своја причина: еден за welcome party, еден за плажа, еден за церемонијата и еден за танцување до доцна во ноќта.

И можеби токму тука е новата bridal филозофија:

невестата веќе не мора цел ден да изгледа исто.

 

About The Author