Само еден краток миг, тихо пеам молитва за нас.. Со стиховите на
Каролина и Дуке и звукот на езерото, започна свадбата од бајките на
Христијан и Бојана
По долгогодишната љубовна врска, се заколнавме на вечна љубов минатата
година во волшебниот Колмар, за време на божиќниот базар.
„Замислата беше интимна свадба, темата беше звукот на езерото, а се случи
во македонскиот град на љубовта и светлината Охрид”, споделуваат Христијан
и Бојана за vobelo.mk
Христијан Маџовски (29) од Куманово, познато лице по магичните инстаграм
реел видеа од патувањата со својата избраничка Бојана Тодоровска (30), исто
така од Куманово. Неодамна, Христијан ја доби наградата за инфлуенсер на
годината за објавување на травел содржини.
„Уште од првиот момент и првите разговори за свадба и венчавка, и двајцата
знаевме дека сакаме интимна прослава со најблиските роднини и пријатели.
Охрид беше единствената локација која што беше прифатлива за нас.
По голема потрага по идеалната локација со најубавото зајдисонце, се
одлучивме за еден ресторан во Пештани, кој го прилагодивме и направивме
место од соништата за бајковита веселба.„
Минатиот месец, на 08.06.2024 се одржа црквената венчавка во просториите на
Манастирот Св. Јован Богослов Канео, а младиот пар се заколна на вечна
љубот пред Бога.
„За сите присутни гости имавме организирано возење со катамарани до Канео,
гостите имаа можност да уживаат во возењето низ водите на Охридското езеро,
како и да уживаат во магичните погледи од балконот на Св. Јован Канео.”
Свадбената церемонија продолжи во ресторан во село Пештани, каде што се
одржа и склопување на граѓанскиот брак.
Ресторанот беше во тематска декорација со бели цвеќиња и зелени нијанси и
многу свеќи, а идејата за целата декорација беше идеја на младенците,
реализирана од страна на професионални лица за декорација од Велес.
„Сакавме интимна атмосфера со бели и зелени нијанси, сакавме да уживаме во
погледот на зајдисонце покрај езеро, сакавме првото шампанско да биде само
за нас, сакавме церемонијата да биде бајковите, а бајката да ја памтиме
засекогаш.”
Невестата беше облечена во бисерно бела венчаница и детали со охридски
бисери, додека младоженецот носеше tuxedo костум во црна и кремава
нијанса.
Во вечерното издание, невестата ги изненади присутните гости со прекрасна
мини здолниште креација со рачно испишан натпис „forevermore”.
„Се одлучивме за малку поинаква свадба од македонските традиционални
свадби. Се фокусиравме на македонска поп музика и многу сме благодарни на
бендот и на вокалите од бендот кои оваа прослава ја направија фантастична и
за паметење.”
За крај како шлаг на тортата, навистина беше тортата, уникатко изработена
бела торта со природно цвеќе кала.
Присутните гости, имаа можност да уживаат во прекрасниот момент на сечење
на невестинската торта, во атсмофера со запалени прскалки и спектакуларен
огномет кој беше изненадување за сите.