Тејлор Свифт ги изненади сите на Еми: Се појави со својата мачка Оливија Бенсон
Тејлор Свифт приреди едно од најсимпатичните изненадувања на годинашните Еми награди.
Иако не беше физички присутна на церемонијата, пејачката се појави во однапред снимен хумористичен скеч со водителката Маришка Харгитеј, инспириран од серијата „Law & Order: SVU“.
Во скечот, Харгитеј повторно ја играше својата легендарна улога Оливија Бенсон, а „истрагата“ се вртеше околу прашањето дали Тејлор ќе се појави на Еми.
И токму тогаш влезе Тејлор – со својата мачка во раце.
А името на мачката? Оливија Бенсон, исто како ликот на Маришка Харгитеј. Тејлор ја именувала по детективката од серијата, а Маришка подоцна возвратила со тоа што својата мачка ја нарекла Карма, по песната на Свифт.
Моментот веднаш стана еден од најсподелуваните од вечерта – особено меѓу Swifties.
А Тејлор годинава имаше уште една причина да биде дел од Еми вечерта: нејзиниот „Taylor Swift: The Eras Tour: The Final Show“ беше номиниран во категоријата Outstanding Variety Special.