никол кидман

 

„Ова е Versace, ајде да се забавуваме!“ Никол Кидман стана хит по премиерата

Никол Кидман повторно го привлече вниманието на црвениот тепих, но овојпат не само поради фустанот.

На премиерата на „Practical Magic 2“ во Лос Анџелес, 59-годишната актерка се појави во впечатлива црна чипкана креација на Atelier Versace, со асиметричен крој и висок шлиц.

Но вистинскиот вирален момент се случи за време на кратко интервју за Entertainment Tonight.

Кога новинарот ја праша чија креација носи, Никол делуваше малку збунето, а потоа одговори:

„Ова е Versace. Забавувајте се. Ајде да се забавуваме!“

Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, а дел од фановите почнаа да се шегуваат дека актерката можеби испила некоја чашка повеќе пред премиерата. Други, пак, едноставно ја пофалија дека изгледа опуштено, весело и дека повторно е „икона“.

Фустанот беше чист Versace гламур

Кидман носеше проѕирна црна чипка, чипкана огрлица и асиметрична силуета со висок шлиц – комбинација што ѝ даде истовремено елегантен и провокативен изглед. Креацијата ја потпишува Pieter Mulier за Atelier Versace.

И додека интернетот расправаше дали Никол била само уморна, весела или навистина „под гас“, едно е сигурно:

нејзината реченица „Ова е Versace. Ајде да се забавуваме!“ веќе звучи како совршено мото за вечерно излегување.

 

About The Author