Вистинска бајка што ќе се памети – свадбата на Леона и Бојан!
Кога љубовта станува спектакл: свадбата на Леона и Бојан
Романтична приказна која започна во училишните клупи, а продолжи со “да” под светлата на љубовта. Леона и Бојан докажаа дека вистинските чувства траат и растат со годините, а нивната свадба беше вистинска прослава на емоцијата, стилот и беспрекорниот вкус.

Во прекрасно украсена свечена сала, исполнета со љубов, насмевки и радост, викендов се одржа свадбата на Леона и Бојан – приказна што ги трогна сите присутни. Тие се запознале уште во второ одделение, а судбината подоцна повторно ги поврзала, за да ја напишат својата најубава љубовна бајка.
По повеќе од четири години исполнети со топлина, разбирање и искрена блискост, нивната љубов беше крунисана со брак. Матичната и црковната венчавка се одржаа на 12 октомври 2025 година, а големата свадбена прослава на 24 октомври – вечер што зрачеше со емоции, елеганција и вистинска магија.
Невестата блескаше во прекрасни венчаници од Atelier Lenče, а младоженецот импресионираше со беспрекорно одело од Атила.
Атеље Ленче на Wedding Expo 26′Со “Жена без рачна” возиме на 14тиот Wedding Expo-Саем за венчавки
Декорацијата, создадена со љубов и вкус од тимот на Lumeria Events, ја претвори салата во бајковита сцена, каде секој детал раскажуваше приказна за љубов и стил. Музичкиот дел беше вистински спектакл благодарение на Маестро Бенд, Кадриеви оркестар и камерниот состав на Пламенка Трајковска, кои ја подигнаа атмосферата до врвот на еуфоријата.
Свадбата беше празник на радоста и доброто расположение – вечер исполнета со емоции, музика и насмевки, во чест на љубовта на младенците.
Фото Стил ги овековечи најубавите моменти, претворајќи ги во спомени исполнети со топлина, спонтаност и елеганција.
На Леона и Бојан им посакуваме живот исполнет со љубов, среќа и соништа што се претвораат во реалност.