April 16, 2024

Саемот за венчавки по 10ти јубилеен пат ќе стартува во петок на 21 февруар и ќе трае до недела 23 февруар до 19ч.

Најголемиот настан во сферата на свадбите во регионот ќе понуди богата програма сите три дена, а ќе стартува во петок со свеченото отворање и ревијата “Познатите во венчаници и костуми”.

Јана, Ведрана и Зое саем 2019

Петочната вечер е наменета за гостите на изложувачите и медиумите и ќе стартува во 20ч до 22ч.Саботата од 09ч саемот е отворен за посетителите и ќе трае до2 21ч, а недела од 09 до 19ч.


Програма за сабота и недела


На програмата на саемот во сабота и недела се предвидени 10 индивидулани модни ревии на венчаници, костуми и накит.

Ревиите започнуваат од 13ч и на секој следен час ќе следува нова ревија. Помеѓу ревиите е предвидено да имаме забава со реномирани музички групи, како и танцов перформанс.


Богата лотарија


Влезницата за саемот се купува на самото место, а ќе чини 100 ден. Со влезницата добивате списание “Убавина и здравје”, а секоја невеста добива и шопинг картичка (персонализирана) со која може да добие саемски попуст кај изложувачите. Со купувањето на влезницата посетителите учествуваат во мошне богата лотарија со над 300 подароци.

Извлекување ќе има на секој 2 часа, а од наградите издвојуваме (венчаница по избор од еден од дизајнерите, накит, часовник, ваучери од 8000 ден, ваучери од 3000-5000 ден, вечера за двајца во целосно свадбено мени, 5 ваучери за спа центар, специјализирани уметнички портрети и мн. други награди.


Најдобрите македонски и светски дизајнери на едно место!!!


За изборот на вашата совршена венчаница на саемот ќе се погрижат најодбрите од најдобрите. Со свои нови колекции за 2020 ќе се претстават: Елена лука, Антонија Ристовска, Мкоутуре, Пепика Атеље,Атеље Коцарева, Ателиер бај Сониа, Атеље Конели, Атеље Кадора, Бјанка Споса, Анна Бора, Атеље Соња, Венчаници Жана, Атеље Проминент бај Ивана како и светските модни брендови:Моника Лорети, Ману Гарсија, Ангела Ди Марино, Валерио ЛУна и Ханибал Лагуна.За машките костуми тука се број еден брендовите кај нас Тивес, Сињори и Диас.


Накит и свадбени аксесоари


Кога се бурмите во прашање најдобриот избор секогаш е Адор Голд, а тие на саемот ви подготвуваат вистинско изненадување. Но нема да изостане и накитот со сваровски елементи, а за тоа ќе се погрижат Б-Вач и Нина Бокс.


Цело е кога има се


За целосно совршена свадба ви требаат и многу други работи освен венчаница, костум и бурми.Прво ви треба ресторан, а токму најдобрите и најбараните ќе бидат на саемот за венчавки, а тоа се: Рагуза, Везилка, Тренд Вединг Центар, Старо Буре, Ксантика, Дениција и секако Александар Палас. А за соврешена декорација тука се најкреативните тимови за декорирање Касаменто, Висаж, Креатива,Ексклузив Евентс,…

Фото и видео продукции

Најдобрите свадбени кинематографи на едно место. Со свои понуди за свадбена фотографија и видео на саемот ќе бидат: Баба 3д Студио, Шоу Тајм Панајоти, Креатив Фотографи, Интерпрес Продукција, Концепт Продукција, Премиум Продукција, Џуст Смајл Продукција…


Без покани нема гости


ПОканите се првиот ваш контакт со гостите, токму затоа треба да бидат перфектни, а за тоа ќе имате избор од Бела Вита, Танчевски, Касаменто, Креатива, Висаж и дигиталната платформа за креирање на свадбена лична веб страна Јас и Ти.


Шминка, Фризура за комплетен изглед


Нашиот главен адут за совршен изглед на сите манекенки од модното студио Црнокрак се Арт школата за убавина, а тука е и салонот за убавина Шарм со специјални понуди за идните невести, а за комплетирање на убавиот изглед со своите козметички производи на саемот ќе ја видите и понудата на Ипсум, како и богатата понуда на козметика и подароци од Цептер.


Главната бина ќе биде светска


За изгледот на главната бина им изразуваме посебна благодарност на Инфомедиа, ВИсаж, Ексклузив Евентс, Касаменто, Сашо Пицек Рибарски, момците кои од стари Фиќа прават уметност, Пламенка Трајковска,група Седенка..и др


Водител и домаќин на настанот

е прекрасната водителка на Брза Кујна Александра Илиевска, а моделите за ревиите се од модното студио Црнокрак. За детали следете не на нашите фб и инстаграм профили Во Бело.
Лотарија на Македонија со своите грепки и лозови сигурни сме дека ќе им донесе среќа на многу идни младенци