14-тиот Саем за венчавки повторно ги обединува на едно место најрелевантните професионалци од свадбената индустрија. На повеќе од 1.500 м² изложбен простор, со учество на над 50 внимателно селектирани изложувачи, посетителите ќе имаат можност директно да се информираат, споредуваат и планираат – од венчаници и костуми, до декорации, фотографија, музика и целосна организација на венчавка.
Саемската програма е збогатена со модни ревии, презентации и тематски разговори, а целиот настан ќе го води водителката и актерка Ангела Апостоловска. За време на саемот, изложувачите ќе понудат ексклузивни саемски попусти и поволности, достапни само за посетителите на Саемот за венчавки.
Влезниците се пуштени во продажба он лајн на линк , а во самиот хотел Александар Палас ќе има и билетара. Цена на влез 200 ден. Паркинг кај “срц Борис Трајковски”
Во продолжение следува официјалната програма по денови.

ПРОГРАМА – САЕМ НА ВЕНЧАВКИ
📍 [х.Александар Палас]
📅 [20-22 /02]
ПЕТОК
🕒 [18-22ч]
• 18ч Отворање на саемот
• 20,30ч Настап На Нокаут и Ексклузивна ревија “Познатите во Венчаници” (Главна Сцена)
• 21,30 Коктел
САБОТА
🕒 [10- 20ч]
• 10ч Отворање на саемот
• 12ч Модна презентација на невестинска шминка-фризура (Главна Бина)
• 13ч Дегустација на кетеринг и свадбени коктели
• 14ч Водич за планирање на свадба-Прв свадбен танц
• 15 ч Cocktail Hour – презентација
• 16 ч Трендови во венчавките 2026
• 17ч музички настап
• 20ч Затворање на саемот
НЕДЕЛА
🕒 [10-19ч]
• 10ч Отворање на саемот
• 12ч Модна ревија
• 13ч Свадбена шминка-Профеионален водич
• 14ч Модна Ревија
• 15ч Таа & Тој – изглед на денот на венчавката
• 16ч. Свадбен Планер
• 19ч. Затворање на саемот
Програмата наскоро ќе биде и дополнително збогатена, следете не на инстаграм и на фб за секогаш свежи информации. Ве сака вашата ВО БЕЛО