Со прекрасниот пејзаж на Гостивар во позадина, Сања Јаковлеска и Велибор Јаковлески ја започнаа својата приказна пред пет години, воведувајќи нови поглавја во нивниот заеднички живот. Првиот звук на нивната љубовна симфонија започна на автобуската станица, каде што срцата им се споија во неочекувано магичен момент.
Следејќи го развојот на нивната врска, Велибор ја праша Сања да биде негова сопруга на романтична локација во Лорет де Мар, Шпанија, на 27-ми Јули, 2022.
На 9-ти Септември, 2023 година, Сања и Велибор ја потврдија својата љубов пред Бог и пријателите и го прославија својот љубовен успех во ресторанот “Mont Blanc” во Гостивар, каде што Сања заблеска во венчаница изработена од “Atelier Sonya”.
Atelier Sonya со своја најнова колекција ќе биде дел од овогодинешниот Саем За Венчавки каде идните невести ќе имаат можнсот директно да поразговараат со дизајнерката, да пробаат венчаница и воедно да уживаат во нејзината индивидуална ревија.
По големата свадбена прослава, Сања и Велибор избраа рајска дестинација на Малдивите, каде продолжија со своето романтично патување. Им посакуваме се најдобро во заедничкиот живот, исполнет со среќа, радост и неизмерна љубов.