2025 година беше богата со свадбени приказни, а љубовта не ги одмина ни јавните личности. Многу Македонци и Македонки токму оваа година го кажаа судбоносното „да“.
Некои се одлучија за интимни церемонии во кругот на најблиските, други за раскошни прослави со многу гости, музика, впечатливи венчаници и волшебно украсени локации.
Сите тие свадби имаа едно заедничко – многу романтика, емоции и љубов.
Се потсетуваме на дел од свадбите на познатите Македонци во годината што изминува:
— Стефан од Некст Тајм се ожени со саканата – Тинеа блесна во елегантна венчаница со тантела.
— Столе Димитриевски стапи во брак – интимна венчавка, невестата во сатенска венчаница, а голманот не ја криеше среќата.
— Дани Димитровска се омажи – во бело, покрај саканиот Горан, со многу емоции и насмевки.
— Актерот Висар Вишка се венча со саканата, три години по раѓањето на нивното прво дете – невестата избра костум и бидермаер направен за само еден час.
— Се ожени голманот Костадин Захов – елегантен во бел костум покрај саканата Ивана од Србија, а Ана Бекута ја забавуваше свадбената веселба.
— Марио од 2Бона и Исидора направија црковна венчавка – невестата смени два фустани, а прославата беше голема и весела.
— Филип Пецовски од „Ѕвездите на Гранд“ стапи во брак – невестата со впечатлив стил, а пејачот во црно-бело одело.
— Фудбалерот Дарко Чурлинов се ожени со Филипа – свадба во Солун со традиционално играње сиртаки.
— Љупка Митрова и саканиот Георги направија свадба на Халкидики – раскошна венчаница и луксузен ресорт со околу 70 гости.
— Македонскиот одбојкарски репрезентативец Шаби стапи во брак, само месец и половина по запросувањето.
— Поранешниот водител Дамјан Дренковски се ожени во САД – невестата во краток, разигран фустан и опуштена атмосфера.
2025-та уште еднаш покажа дека љубовта секогаш наоѓа свој начин – било на интимна церемонија или на голема свадбена прослава.