Љупка Митрова знае како се ужива: гола под сонцето, со чаша вино и поглед што остава без здив
Модната дизајнерка и инфлуенсерка Љупка Митрова повторно го привлече вниманието на своите следбеници, овојпат со фотографии од луксузниот летен одмор.
По успешната модна ревија што пред неколку недели ја одржа во прекрасниот амбиент на Шато Камник, каде што пред бројните гости ја претстави својата најнова колекција и уште еднаш го потврди препознатливиот стил на брендот MITROFF, дизајнерката реши да направи пауза и да им се препушти на летните задоволства.
Љупка Митрова во Камник ја раскажа „Гола меморија“: модна вечер во бело, гламур и силен личен печат
Љупка сподели дел од атмосферата во која ужива во јули – луксузно сместување покрај море, внимателно сервирана храна, инспиративни пораки и моменти на целосно опуштање.
Најмногу внимание предизвикаа нејзините смели фотографии на кои се сонча без облека, но со внимателно избрани кадри што изгледаат елегантно, сензуално и ненаметливо. На главата носи впечатлив шешир со цреши, додека на една од фотографиите врз телото држи чаша вино.
На друг кадар Љупка лежи на стомак и ужива во сончевите зраци, а се забележува и нејзината тетоважа со црвена роза. Во заднина се протега прекрасен поглед кон морето, кој совршено ја дополнува летната атмосфера.
„Јули“, напиша таа покрај објавата, без да открие на која локација го поминува одморот.
По модната динамика, подготовките и ревијата која привлече големо внимание, очигледно е дека Љупка сега ужива во заслужениот одмор. Таа одамна е позната по својот храбар моден израз и по тоа што знае провокацијата да ја претвори во естетика.
И овојпат покажа дека за впечатлива летна фотографија понекогаш се потребни само сонце, море, чаша вино и доволно самодоверба.
