April 16, 2024

Сите жени на денот на својата венчавка сакаат да изгледаат совршено па не им е тешко да ја доведат линијата до совршенство пред свадбата. Но откако ќе го стават прстенот на рака, се’ се менува.

За само година дена по свадбата 22% од новопечените сопруги се здебелуваат и просечно ја качуваат телесната тежина за шест килограми, покажуваат резултатите на најновото истражување на оваа тема.
Секоја петта жена се здебелила значително повеќе, и тоа затоа што таа и нејзиниот партнер заеднички ја зголемиле количината на храна која ја внесуваат во организмот – односно, не се тие криви, мажите им се криви 🙂
Повеќе од половина жени кои ги бројат првите брачни месеци признале дека после свадбата се опуштиле и престанале да се грижат за телесната тежина и физичкиот изглед. 22% од нив сметаат дека нема ни потреба да „држат до себе“ и да одржуваат линија „сега кога имаат партнер покрај нив“.
Стручњаците појаснуваат дека станува збор за вообичаено однесување бидејќи новопечените сопруги одеднаш се наоѓаат во нова улога па започнуваат да се грижат за многу други работи и не можат да мислат само на физичкиот изглед.
Многу веројатно е дека стручњаците кои го изнесоа последниот заклучок – се жени. Нели? 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *