Новата колекција на венчаници од Атеље Жана можеме да ја објасниме со три збора, гламур, раскош и убавина.
Допирот од вештите раце на дизајнерките Марија и Анка е достоен за кралица, затоа што секоја жена е кралица.
Сонот на секоја невеста е задача која треба да реализира до перфекција. Користењето на врвни материјали и рачно изработените детали се нешто што отсекогаш го симболизира работењето на ова врвно атеље. Но она што е можеби и најважно тие не само што ги пратат модните трендови, тие ги создаваат.
На ревијалната вечер на саемот за венчавки ни претставија модели од новата колекција, а на подиумот како нивни модели се појавија совршената Анѓела Јакимовска, секогаш прекрасните мајка и ќерка Моника и Светлана Црнокрак, а на крај се појави и супер талентираната млада ѕвезда Барабара Поповиќ.