Анѓела Јакимовска во креација на Атеље Жана
Новата колекција на венчаници од Атеље Жана можеме да ја објасниме со три збора, гламур, раскош и убавина.
Допирот од вештите раце на дизајнерките Марија и Анка е достоен за кралица, затоа што секоја жена е кралица.



На ревијалната вечер на саемот за венчавки ни претставија модели од новата колекција, а на подиумот како нивни модели се појавија совршената Анѓела Јакимовска, секогаш прекрасните мајка и ќерка Моника и Светлана Црнокрак, а на крај се појави и супер талентираната млада ѕвезда Барабара Поповиќ.





