Wedding Expo Skopje 2027 – јубилејно 15-то издание! ✨
Од 19 до 21 февруари 2027, Скопје повторно ќе биде центар на свадбената индустрија.
Го најавуваме јубилејното 15-то издание на Wedding Expo Skopje, настан кој со години ги обединува најдобрите брендови, креатори, салони, фотографи, декоратери, ресторани и сите професионалци поврзани со организација на свадби.
ТРИ ДЕНА КОГА СВАДБАТА СТАНУВА СПЕКТАКЛ!
Од 19 до 21 февруари 2027, Wedding Expo Skopje повторно ги собира на едно место идните младенци, нивните семејства и гости, најдобрите имиња од свадбената индустрија и многу познати лица.
Три дена исполнети со модни ревии, нови колекции на венчаници, машки костуми, накит, декорации, фотографија, музика и сè што ја прави една свадба незаборавна.
На едно место ќе ги видите водечките дизајнери и брендови, ќе ги запознаете декоратерите и професионалците кои стојат зад најубавите свадби, ќе откриете нови идеи и трендови и ќе можете директно да ги споредите понудите за вашиот голем ден.
А на сцената – шоу што секоја година се памети.
Повторно ќе ја гледаме ревијата „Познатите во венчаници“, специјални модни презентации, изненадувања и настапи на музички ѕвезди, во атмосфера каква што може да се доживее само на Wedding Expo.
Илјадници посетители, стотици идни младенци, три дена мода, емоции, инспирација и свадбена магија.
Wedding Expo Skopje 2027
19–21 февруари 2027
Тука почнува вашата свадбена приказна.
Компаниите кои сакаат да бидат дел од саемот и да резервираат свој штанд, можат да се пријават на:
📞 071 452 560
✉️ [contact@vobelo.mk vobelo.com@gmail.com]
Бидете дел од најголемата свадбена приказна кај нас.
Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.
32 thoughts on “Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.”
Comments are closed.